Поранешните сопружници, Џенифер Анистон и Бред Пит, првпат имале секс девет месеци откако ја почнале врската. Ова го изјавил близок пријател на глумицата за американските медиуми. Тој рекол дека Џенифер уште од почетокот била заљубена во Бред, но дека решила да чека.
„Џенифер ми кажа дека тоа се случило на Денот на вљубените во 1999 година, кога биле во Акапулко на романтичен викенд. Тоа беше најмудрото нешто што таа можеше да го направи. Замислите да му кажете на Бред Пит дека мора да чека за секс!“, рекол истиот извор.
Двојката се запозна во 1998 година, а првиот состанок им го организирале нивните агенти. Бред и Џенифер се венчаа 14 месеци подоцна. Откако Бред ја побарал Анистон за жена, тие неколку месеци криеле дека ќе се венчаат дури и од најблиските.
„Беше многу забавно, тоа беше нашата тајна“, изјавила актерката во една прилика, додека уште беа во брак.
Глумците се разведоа во 2005 година, кога Пит на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ ја запозна Анџелина Џоли и почна врска со неа. Тој и сега тврди дека врската ја почнал дури откако се разделил од Џенифер.
Од неодамна, Пит и Анистон се повторно пријатели, а Бред беше и на нејзината роденденска забава лани.
Откако годинава неколкупати се сретнаа на доделувањето на филмски награди во Холивуд, светските медиуми пишуваат дека тие повторно се заљубени еден во друг и дека планираат тајна венчавка во Мексико, која морале да ја одложат заради пандемијата со ковид-19.
Текстот Бред Пит и Џенифер Анистон имале првпат секс по девет месеци врска е превземен од Reporter.mk.