Боксерската американска легенда Мајкл Тајсон се потсети на времето кога го фатил Бред Пит во кревет со негвата поранешна сопруга Робин Гивенс. Тој вели дека глумецот се исплашил кога го видел Тајсон, незнаејќи што може да му направи.
„Тоа беше период кога се разведував со Робин. Кога дојдов во нашата куќа во Лос Анџелес, видов дека не е сама. Прво си помислив дека беше во женско друштво, затоа што личноста која беше со неа, имаше долга плава коса. Подоцна се испостави дека тоа е Бред Пит. Требаше да му го видите изразот на лицето кога ме погледна. Веројатно си помисли дека тоа се последните моменти од неговиот живот. Ме молеше да не го удрам. Му се смилував и го пуштив да си оди, а тој побегна“, се потсети Тајсон.
Бред Пит не е првиот познат глумец кој го предизвикал „Железниот Мајк“. Претходно Тајсон ја фатил сопругата како го изневерува со уште еден популарен холивудски актер, Весли Снајпс.
Тајсон сите овие работи ги забележал во неговата биографија „Нераскажана приказна. Тој во неа покрај славната боксерска кариера, открива голем број познати и помалку познати детали.
Во неа може да се најдат и детали за неговата кратка романса со светскиот модел Наоми Кембел. За нивната средба сведочел и неговиот поранешен менаџер Рори Халовеј, кој во еден момент раскажа како ги видел двајцата заедно на забава во Њујорк.
„Го видов Мајк како разговара со убава девојка. Не знаев за кого станува збор, но видов дека заедно заминаа до тоалетот. Како и секогаш, јас бев тој кој внимавав на Мајк да не направи некаква глупост. Отидов со нив, за да видам што се случува. Слушнав дека веќе почнале да разменуваат страсти, па отидов пред тоалетот, за да чувам стража. На луѓето кои доаѓаа им кажував да го користат другиот, дека овој е зафатен. Знаете Мајк беше со Наоми Кембел во тие моменти“, раскажал Халовеј, во едно од своите интервјуа.
Текстот Мајк Тајсон: Бред Пит ме молеше да не го удрам кога го фатив со жена ми во кревет е превземен од Reporter.mk.