(Видео) Руски експерт: НЛО на видео снимките на Пентагон, не се вонземјани

Воени експерти од Русија велат дека знаат зошто Пентагон ги чувал снимките со средбите од НЛО повеќе од десетина години и ги објавиле сега во ова време. Олег Курбатов, шеф на Руското здружение за уфологија, вели дека тоа што се забележува на снимките на Пентагон, не е никакво НЛО и дека САД ги имаат монтирано овие снимки.

Американските пилоти во 2004 година снимија видео снимка со неидентификуван објект, за кој се сметало дека е НЛО. Сличен ваков инцидент настанал и во 2015 година.

Во 2019 година, американската морнарица ја потврдила вистинитоста на снимките. Од Американското министерство за одбрана, веројатно ги уредувале и монтирале новообјавените видео записи со НЛО, тврди Олег, пишува „Спутник“, пренесува Курир.рс.

Курбатов вели дека американската војска намерно ги објавија видео снимките за да го оправда огромното финансирање кое го добила од владата и дека можеби го додала самата тој мистериозен предмет на снимката, за да добие поголема финансиска поддршка.

Другата причина поради која Министерството за одбрана одлучило да ги сподели видео записите, е за да не откриваат дополнителни тајни податоци, смета Курбатов.

„Како и во претходното видео, кое го објавиле властите, нема значајни информации за објектите, нема што да се проучува“, изјавил тој за руските медиуми.  На 27. април, американската војска објави три видео записи, во кои наводно се гледаат неидентификувани летачки објекти (НЛО).

Средбата со мистериозното летало НЛО се случила во 2004 година, за време на воени вежби. Двајца пилоти од USS Nimic, добиле задача да го проверат објектот забележан во близина на носачот на авиони.

Според пилотите, НЛО летало со голема брзина над мистериозно турбулентно подрачје над водите под нив. Командирот Дејвид Фрејвор, кој го истражил мистериозниот објект, изјавил дека истиот исчезнал од радарот за брзо време.

Извор/Спутник/Курир.рс

(Видео) Руски експерт: НЛО на видео снимките на Пентагон, не се вонземјани

Текстот (Видео) Руски експерт: НЛО на видео снимките на Пентагон, не се вонземјани е превземен од Reporter.mk.