Поп-пејачката Елена Ристевска ги зголеми усните. Вака коментираат нејзините фанови на социјалните мрежи, но и оние кои ја познаваат, откако таа сподели неколку нови фотографии.
Многумина велат дека не само усните, туку пејачката направила и корекции на лицето. „Се забележува дека е коригирано, особено усните не ѝ беа вакви“, коментираат на социјалните мрежи.
Според некои, така била нашминкана, па оставало впечаток на полни усни.
Елена речиси секогаш привлекува внимание во јавноста, сеедно дали на музички план или приватно. Неодамна се врати од Мајами, каде што подолго време престојуваше и работно и приватно.
Текстот (Фото) Елена ги зголеми усните е превземен од Reporter.mk.