Доделена Нобелова награда за лечење на заболени од рак

Џејмс Елисон и Тасук Хонџо освоија Нобелова награда за психологија и медицина во 2018 година за откритие што довело до напредок во лечењето на ракот, е соопштено од Нобеловиот комитет на шведскиот Институт „Каролиск“.

Во соопштението се наведува дека Елисон и Хонџо покажале различни стратегии за инхибирање на имунолошкиот систем, кои можат да се искористат за време на лечењето  рак. Американецот Елисон и Јапонецот Хонџо добиле парична награда во износ од милион долари.

Нобеловата награда за физиологија и медицина, со која управува Нобеловиот фонд, се доделува за извонредни откритија во областа на природните науки и медицината.

Наградата за медицина е првата Нобелова награда што се доделува секоја година. Наградата за достигнување во науката, книжевноста, како и наградата за мир, во согласност со волјата на пронаоѓачот на динамитот, бизнисменот Афлред Нобел, се доделува уште од 1901 година.

Наградата за книжевност оваа година нема да биде доделена поради скандалот со поврзаноста со сексуална злоупотреба.

Текстот Доделена Нобелова награда за лечење на заболени од рак е превземен од Reporter.mk.