Во септември оваа година ќе навршат точно 30 години од култната серија „Принцот од Бел Ер“, серија со која се прослави глумецот Вил Смит. По негова иницијатива сите главни глумци во серијата се собераа повторно во неговата емисија на едно место. Смит ја емитуваше емисијата преку интернет под името Will From Home.
Глумецот емисијата ја снима во неговиот дом со цел да ги забавува неговите фанови додека седат дома поради коронавирусот.
Во емисијата Смит досега има покането голем број ѕвезди, кои преку интернет му се јавуваат од нивниот дом, поради пандемијата со коронавирусот. Смит сега во финалната емисија ги покани глумците од серијата „Принцот од Бел Ер“, Татјана Али, Алфонсо Рибиеирo, Диџеј Џејзи Џеф, Карен Парсонс, Џенет Хаберт и Џозеф Марсло.
„Во емисијата Will From Home ќе дојат глумците од „Принцот од Бел Ер“. Многу сум возбуден, на сите ќе им се допадне ова. Нема да рапувам за тоа“, изјави Вил на почетокот на видеото кое го објавил на „Инстаграм“.
„Минаа 30 години од првата сезона од „Принцот од Бел Ер“, па си помислив дека треба да направиме собир на“, изјавил Вил.
Глумците му оддадоа почест на Џејмс Еврју, кој почина во 2013 година по операцијата на срцето.
„Серијата не би била ни половина толку добра, ако не беше неговиот талент. Те сакаме, ни недостигаш“, изјавил Вил.
Серијата има шест сезони, а главната ѕвезда беше Вил, кој беше испратен од мајка му да живее кај неговиот богат тетин Фил и тетка Вивиен во Бел Ер. Тие ја имаат ќерките Хилари и Ешли и синот Карлтон. Покрај нив голема улога има и батлерот Џефри.
View this post on Instagram
without the talent and light that was James Avery. We all love and miss you, James.
Текстот (Видео) Вил Смит ја собра екипата од серијата „Принцот од Бел Ер“ е превземен од Reporter.mk.