Тренерот Синиша Михајловиќ вели дека неговиот поранешен клуб Спортинг, му должи околу 800.000 евра, за неисплатени плати, за периодот додека го водеше португалскиот клуб. Иако Михајловиќ беше само 12 дена тренер на Спортинг, тој и понатаму ја чека исплатата од целосниот долг во висина од 3.000.000 евра.
Тој објасни дека информацијата дека долгот е подмирен не е точна и дека на сметката му легнале само околу 2,25 милиони евра.
„Спортинг не ми го исплати она што ми го должи. Од почетокот на годината, откако судската одлука е донесена, тие упорно се обидуваат да ја одложат исплатата. Последните месеци, од Спортинг ми испратија неколку предлози за подмирување на сметките. Но, тоа беше игра за да добијат на време и да ја одложат исплатата. Затоа одлучив да ја вклучам и УЕФА. Дури потоа Португалците платија само дел од долгот. Нивното однесување е неприфатливо и повторно ќе се обратам до УЕФА и ќе барам веднаш да ги исфрлат од европските натпреварувања“, изјавил Синиша Михајловиќ.
Текстот Синиша Михајловиќ измамен за околу 800.000 евра е превземен од Reporter.mk.