Пејачката Марија Шерифовиќ за време на својот настап на „Инстаграм“, пред нејзините фанови му посвети специјана песна на тенисерот Новак Ѓоквоиќ.
Додека Шерифовиќ пееше во живо на „Инстаграм“ се вклучи и Новак Ѓоковиќ. Пејачката специјално му ја испеа песната „Пунки зоро“, а тој изјави дека таа му ја разубавила вечерта во Шпанија, каде во моментов се наоѓа во карантин, поради коронавирусот.
„Разбирам дека ова никој не го очекуваше. Дали е во ред оваа песна? Новак, дали си добро“, го праша Шерифовиќ, најдобриот тенисер на светот.
„Се распеав тука во теретана. Секој на своето работно место. Фала ти. Навистина ми ја разубави вечерта. Во моментов се наоѓам во Шпанија“, изјавил Новак.
„Те сакаме, продолжи да тренираш, биде добар граѓанин каков што си. Те сакаме царе“, му порача Марија.
Текстот (Видео) Шерифовиќ му запеа на Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.