Ким Џонг Ун ѝ објави војна на Јужна Кореја?

Војската на Северна Кореја, денеска испалила неколку истрели во правец на Јужна Кореја во демилитаризираната зона, која го дели полуостровот на два дела. На ваквиот потег одговориле и од Јужнокорејската војска, соопштиле од Сеул, пренесува српски Курир

Јужнокорејскиот воен пункт бил погоден со неколку истрели, но извештаи за жртви засега нема. Јужнокорејските војници потоа одговориле со оган и испалиле неколку истрели како предупредување во правецот на север.

Во соопштението се додава дека од јужнокорејската страна нема повредени ниту штети, пренесува Johap. Како што е наведено, истрелите испалени од Северот, го погодиле пинктот во пограничниот град Чеорвон.

Демилитаризираната зона се наоѓа на граница меѓу двете Кореи, а е воспотавена по завршувањето на Корејската војна во 1953 година.

Извор/Курир.рс

Текстот Ким Џонг Ун ѝ објави војна на Јужна Кореја? е превземен од Reporter.mk.