Непознат маж упаднал во куќата на српската пејачка Наташа Беквалац, додека таа била сама со децата, пренесуваат српските медиуми. Непознатото лице упаднало во домот на Беквалац денеска околу 11 часот.
Беквалац со ќерките Хана и Катја живее во населбата Ченеј во Нови Сад. Таа во моментов се наоѓа во изолација поради опасниот вирус. Непознатиот маж кој се обидел да упадне во домот на пејачката, додека таа била со децата, носел со себе подарок и цвеќе.
Како што пренесуваат српските медиуми, Беквалац кога го видела човекот, се уплашила и му се спротивставила и го предупредила веднаш да ја напушти нејзината куќа.
Мажот брзо избегал, а Беквалац случајот го пријавила во полиција. Истрагата е во тек. Засега не е познат идентитетот на лицето кое упаднало во домот на пејачката, ниту пак како успеал да влезе на нејзиниот имот.
Медиумите пренесуваат дека Беквалац за реновирање на куќата досега вложила околу 200.000 евра.
Текстот Непознат маж со подарок и цвеќе, упаднал во куќата на Наташа Беквалац е превземен од Reporter.mk.