Фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски прославија 17 години брак. Во романтична атмосфера, Татјана му ја честиташе на Новица годишнината.
„Седумнаесет години во добро и во зло. Среќна 17 годишнина“, напиша таа.
Двајцата повеќе од пет години живеат во Мелбурн, со нивните синови Стефан и Петар, а неодамна направија журка и за нејзиниот роденден и за вселувањето во новата куќа што ја купија, а се преселија за Василица годинава.
Во интервју за „Репортер“, Татјана раскажа дека во Австралија се среќни, каде таа покрај пеењето работи како воспитувачка во градинка, а Новица е возач на школски автобус. Татјана летово беше во Скопје заради свадбата на својата братучетка. Тогаш таа во разговор ни откри дека Новица сè уште не е дојден во Македонија.
Текстот Татјана и Новица прославија 17 години брак е превземен од Reporter.mk.