На 6 и 7 октомври Капитол мол организира танцов хепенинг наречен „Кажи ми со танц“. Деновите на танц беа најавени преку „танцова битка“ пред Капитол. Десетици млади хип-хоп и аренби танчари започнаа „караница“ за да видат кој е подобар. На едната страна беше студиото „Брејк а лег“, а на другата „Аква денс клуб“.
Во деновите на танц, посетителите на Капитол мол ќе може да се запознаат со балетско студио „Сонце“, балетското студио „Диадема“, „Аква денс клуб“ и студиото „Брејк а лег“. Во текот на овие два дена тие ќе им ги претстават своите програми и можности на посетителите, преку класичен и модерен балет, хип-хоп и аренби.
Истовремено, поетите и авторите Ксенија Николова, Наим Иљази, Јован Илиески и Вера Калин ќе пишуваат на тема „танц“, и ќе потпишуваат книги и поеми за посетителите.
„Капитол мол цели кон тоа караницата да се претвори во танц, недоразбирањето во причина за разговор и неискреноста во искажување на вистината. Затоа со комплетна грижа се фокусира на своите посетители и ги негува нивните најважни вредности“, велат организаторите на настанот.
Текстот Денови на танц во „Капитол мол“ е превземен од Reporter.mk.