Сопругата на Коби Брајант пронајде неотворено писмо од починатиот кошаркар

Ванеса, сопругата на починатиот кошаркар Коби Брајант на Инстаграм објави слика од неотворено писмо што ѝ го напишал нејзиниот сопруг. Таа писмото го отворила и го прочитала на нејзиниот роденден, на 5 мај.

„Вчера најдов плик на кој пишуваше ‘За љубовта на мојот живот. Од твојот Папи’. Чекав да го отворам писмото на мојот роденден. Ми даде нешто за да му се радувам на денешниот ден. Иронијата е што Коби побарал од некој уметник на пликот да нацрта како ме држи ангел. Ми недостасува љубовта на мојот живот и мојата слатка мала Мамасита – мојата другарка бик. Благодарна сум што се разбудив денес со моите три слатки девојчиња. Посакувам сите да бевме заедно“, напиша Ванеса на Инстаграм.

За потсетување, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари. Заедно со него починаа и неговата ќерка Џиана и уште седум други лица.

Текстот Сопругата на Коби Брајант пронајде неотворено писмо од починатиот кошаркар е превземен од Reporter.mk.