Полицаец во Јута, во САД, се изненадил кога запрел едно од возилата на автопатот и кога забележал дека зад воланот седи петгодишно дете.
„Кога се доближив до возилото си помислив дека станува збор за потенцијален несовесен возач, или пак му е потребна некаква медицинска помош, затоа што привлече големо внимание на патот. Возеше бавно по левата лента“, изјавил полицаецот.
Кога дошол до возилото го видел детето, кое му објаснило дека го украло автомобилот на неговите родители, затоа што не сакале да му купат „Ламбурџини“. Тој му кажал на полицаецот дека од дома излегол со само три долари.
Текстот (Видео) Петгодишно дете го украло автомобилот на родителите е превземен од Reporter.mk.