Доколку уште не си ги набавиле, тогаш сега е вистинско време да си купите широки фармерки бидејќи оваа сезона ќе бидат на врв на листата на тренди парчиња облека.
Претходните неколку месеци почнаа да го заземаат модниот пазар и сега ги предлагаат сите модни куќи. Тренди дамите со задоволство ги носат и тоа на повеќе различни начини. Испробајте ги и вие.
Широките фармерки во класични тексас нијанси беа секогаш најсигурниот избор. Еден од начините да ги носите е доколку ги искомбинирате со краток топ, предимензионално сако и патики. Тоа е шик избор со кој ќе покажете дека сте девојка со стил. Доколку се подготвувате за коктел со друштво, ваквиот пар фармерки секогаш можете да го искомбинирате со интересен асиметричен топ и високи потпетици. Впечатливиот накит може дополнително да ја нагласи оваа модна комбинација.
Друг избор би биле широките фармерки во црна боја, доколку ја сакате оваа боја на фармерки. Инспробајте некоја женствена и секси комбинација каде што можете да облечете градник од густа чипка и преку него да облечете лежерна свилена кошула. Раскопчете ја за да чипката може слободно да ѕирка. Сандалите со тенки каиши ќе бидат одличен избор за овој аутфит, а додајте и неколку дискретни ланчиња како би си ја нагласиле женственоста.
Доколку се подготвувате за на работа, ваквите фармерки можете да ги комбинирате со класична кошула или полу-ролка преку која можете да го облечете омиленото сако. Со кожните мокасинки, аутфитот ќе изгледа модерно и тренди.
Текстот Тренд кој мора да го испробате оваа пролет е превземен од Reporter.mk.