Лејди Гага со нов албум, пејачката не сакала да го објави во време на пандемија

Пејачката Лејди Гага го најави долгоочекуваниот албум Chromatica, пренесуваат светските таблоиди. Голем број обожаватели чекаа на новиот албум повеќе од четири години, но таа поради пандемијата со коронавирусот, беше принудена да ја одложи неговата промоција и да ги прекине поголемиот број од проектите.

Сето она што Гага го подготвувала на музички план, обожавателите ќе имаат можност да го слушнат на 29 мај 2020 година. На албумот ќе се најдат 16 песни, со три дополнителни делукс едиции, а засега е откриена само една песна Stupid Love, со која Гага повторно ги освои светските топ-листи.

„Ова е доста застрашувачко време за сите нас и додека верував дека уметноста е најсилната работа која ќе ни овозможи радост и излекување, сфатив дека едноставно не е во ред од мене да го објавам новиот албум во период на глобална пандемија“, изјавила Гага.

Веќе започнаа нарачките за албумот, а освен стандардните физички и дигитални изданија, песните ќе можат да се слушаат и на грамофонски плочи и касети.

Текстот Лејди Гага со нов албум, пејачката не сакала да го објави во време на пандемија е превземен од Reporter.mk.