Македонската фолк-пејачка Ленче Кукиќ се натпреварува во новата сезона од музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. 42-годишната пејачка од Струмица ја испеа песната „Катарино, момо“ и доби пофалби и позитивни коментари од жирито, во кое овој пат беа тенисерот Боба Живојиновиќ и пејачката Александра Пријовиќ.
„Браво, секоја чест“, ја пофали сопругот на Лепа Брена македонската пејачка. Комплименти за Ленче не штедеше ни Пријовиќ.
„Не знам, мене рацете ми се мокри. Ја гледам цело време и не можам да верувам дека некој во 2 секунди може да ми го промени расположението. Не знам дали да плачам, се наежив. Не знам што да кажам, еве стварно не знам што да кажам“, ѝ рече Александра.
Ова не е првпат Ленче да пее во популарното музичко шоу. Нејзиниот маж, пејачот Горан Кукиќ, пред три години победи во истото музичко шоу, а Ленче го придружуваше на сите настапи и неколку пати пееше со него.
Текстот (Видео) Ленче Кукиќ ја расплака Александра Пријовиќ е превземен од Reporter.mk.