Упасени четири лица кои харале низ куќите на ѕвездите во Лос Анџелес

Полицијата во Лос Анџелес уапсила четири лица одговорни за насилно влегување во куќи на познати личности, вклучувајќи ги и пејачката Ријана, актерката Кристина Милан, бејзбол-ѕвездата на „Џозерс“, Јасила Пјуг, и играчот на американскиот фудбал Роберт Вудс од „Лос Анџелес Ремс“.

Уапсени се три момчиња на возраст од 18 и 19 години и мајката на еден од арамиите, пренесува агенцијата АП.

На конференцијата за новинари полицијата изложила предмети за кои се верува дека се украдени, вклучувајќи и скапи часовници, чанти, накит и мобилни телефони.

Истражувачите соопштиле дека откриле и листа на дополнителни цели. Меѓу нив бил и кошаркарот Леброн Џејмс, актерката Виола Дејвис и нејзиниот колега Мет Дејмон.

Полицијата навела дека жртвите на своите социјални мрежи ставиле постови дека не се дома.

 

Текстот Упасени четири лица кои харале низ куќите на ѕвездите во Лос Анџелес е превземен од Reporter.mk.