Александра Пријовиќ, која треба да се породи во март следната година, го откри името на бебето. Пејачката беше гостинка во една емисија на „Гранд“ каде кажа дека бебето ќе се вика Александар. „Името го предложи Филип, а јас со воодушување прифатив“, изјави пејачката во емисијата. Таа вели дека е свесна дека бебето ќе го носи нејзиното име и дека тоа уште повеќе ја радувало.
Двојката правеше свадба во јуни на која дојде цела српска елита. Александра деновиве кажа дека ги откажува сите настапи и концерти поради бременоста.
Текстот Пријовиќ кажа како ќе се вика бебето е превземен од Reporter.mk.