Неколку двојчиња од населбата Хром вчера поставија гајби среде улица на кои наредија пластични шишиња полни со неколку различни сокови. Тие по симболична цена, мала чаша 5 денари, а голема 10, продаваа сок на чаша за да соберат пари за бездомните животни. Случаен минувач ги забележал, сликал и фотографијата ја сподели на Фејсбук.
„Прво не сакаа да се сликаат. Реков дека нема да биде само обична слика. Се напив една голема чаша сок од мерак, им дадов пеесче и им реков да си ги поделат парите. Ми рекоа дека парите не се за нив. Ги донирале за бездомните животни. Има надеж. Хромски деца“, пушува во објавната на Фејсбук. Сликата што ги собра симпатиите на социјалните мрежи има над 900 споделувања.
Текстот Деца од Хром продаваа сок за помош на бездобни животни е превземен од Reporter.mk.