(Фото) Сани ја покажа помалата ќерка Ева

Фолк-пејачката Сани Гроздановска објави фотографија со нејзината помала ќерка Ева која ја доби од бракот со Мартин. Сани по породувањето за медиумите изјави дека брзо се вратила во топ форма благорадение на здравата исхрана и вежбите во теретана.

Претходно пејачката на социјалните мрежи и го честиташе деветиот роденден на нејзината постара ќерка Викторија која ја има од нејзиниот прв брак.

„Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце, моето сè. Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава!“, напиша Сани под  фотографија што ја објави на својот фејсбук-профил.

Текстот (Фото) Сани ја покажа помалата ќерка Ева е превземен од Reporter.mk.