Најмодерните мајки и ќерки во Холивуд

Славните личности кои ни доаѓаат од светот на Холивуд, со себе носат извесна доза на влијание на нашиот стил на облекување.

Тие свесно или несвесно го диктираат темпото на модата и се заслужни за усвојување на бројни трендови. Нашата денешна тема е врзана за модните икони, поточно за дуетите кои се сочинети од мајките и нивните ќерки.

Кога ќе појдеме од нас самите, мораме да признаеме дека нашата љубов спрема модата, стилот на облекување и на тоа дали ќе ги следиме трендовите или не, во голема мера се врзува со односот на нашите мајки спрема нив. Па, често пати можеби за некои дискутабилни избори поврзани со модата, нашите мајки се токму оние кои ни создале темели во нас кога афекцијата спрема модата е во прашање.

Во тој поглед не се разликуваме многу од нашите омилени ѕвезди. Кога на истото место имате некоја позната мајка и нејзината ќерка, можете да заклучите од кого го наследила стилот на облекување.

Многумина дури сметаат дека кога добриот вкус за мода е во прашање, за тоа е заслужна генетиката. Хмм, дали да им верувате на зборот или да посегнете по доказите, прашање е сега. Тоа што ние ви го прикажуваме се фотографиите на кои јасно се гледа од кого славните ќерки го наследиле својот вкус на облекување.

Текстот Најмодерните мајки и ќерки во Холивуд е превземен од Reporter.mk.