Премиерката на Белгија, Софи Вилмес, вчера посети неколку болници за да им пружи поддршка на здраствените работници, но наиде на незадоволство кај некои од нив. Медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречекаа Вилмес завртени со грб, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството, кое работи со намален буџет. Здраствените работници се незадоволени од платите, а се соочуват и со недостиг на персонал.
Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, но додаде дека е потребно да се врати вредноста на професијата.
„Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита“, напиша Вилмес на „Твитер“ по посетата на болницата.
Текстот Здравствените работници од Белгија ѝ свртеа грб на премиерката е превземен од Reporter.mk.