Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, призна дека порано го обожавала хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ. Сопругата на принцот Вилијам, вели дека уште отсекогаш обожавала да ги следи турнирите на Вимбелдон.
Таа вели дека имала 19 години, кога Иванишевиќ ја испиша една од најголемите спортиски приказни на сите времиња и сензационално го освои тенискиот Гренд Слем во Вимбелдон. Тогаш се запознала и со нејзиниот денешен сопруг, принцот Вилијам. Кејт значењето на престижниот турнир го слави и денес, 19 години подоцна.
„Отсекогаш го следев тенисот, а особено Вимбелдон. Англиското лето е незамисливо без ова натпреварување. Тоа отсекогаш беше дел од моето растење. Го обожавав Горан Иванишетвиќ. Бев опседната со него. Исто така ги обожавав и Пит Сампрас, Андре Агаси и Стефи Граф“, раскажала Кејт за време на снимањето на документарецот на „Би-Би-Си“ за Вимбелдон.
Иако навела дека Горан ѝ е омилен тенисер, подоцна, како дел од кралското семејство, често ги гледала мечевите од свечената ложа, а покрај домашниот фаворит Енди Мареј, семејството отворено го симпатизирале и Роџер Федерер.
Текстот Кејт Мидлтон призна дека го обожавала Горан Иванишевиќ е превземен од Reporter.mk.