Ким Кардашијан лансираше маска за лице

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан, во рамки на својот бренд за долна облека Skims, во продажба пушти линија на немедицински маски за лице, наменети за секојдневно користење за повеќекратна употреба.

„Си-Ен-Ен“, пренесува дека маските се лесни и растегливи. Маските во саботата се пуштени во продажба во пет бројка, а почетната цена им е осум долари.

Само неколку часа по лансирањето на новиот производ, Кардашијан, своите обожаватели на „Твитер“ ги извести дека целата колекција на маски е распродадена.

„За жал, нашите Skims маски за лице, денес се распродадени, но соработуваме со локалните партнери во Лос Анџелес, за да во пократок рок, произведеме повеќе“, порача Кардашијан на своите следбеници, кои во моментов ги има околу 64 милиони.

 

 

Текстот Ким Кардашијан лансираше маска за лице е превземен од Reporter.mk.