Американската меѓународна компанија „Убер“, отпуштила 3500 работници за помалку од три минути, преку видео порака. Вработените не можеле да поверуваат кога ја слушнале пораката, пишуваат светските медиуми.
Отпуштањата следувале поради пандемијата со вирусот „Ковид-19“, кој погоди голем дел од познати меѓународни компании. Веста за намалувањето на работните места, сама по себе е тежок удар за отпуштените. Сепак уште пошокирачко било тоа што од компанијата одлучиле, веста за отпуштањата, да им ја пренесат преку видео.
„Убер“ е компанија која преку мобилни апликации, им ги организира превозот на патниците. Пораката до вработените дека повеќе намаат работа, траела само три минути.
„Нашето делување како приватни возачи се преполови. Сè помалку луѓе патуваат, па нашите услуги помалку се бараат и моравме да го рационализираме нашето делување. Нема повеќе доволно работа за сите вработени во „Убер“, па одлучивме да ги згасниме 3500 работните места“, изјавил Руфин Севало, менаџерот за услуги во Финска.
На снимката се гледа жена како плаче додека ја читала пораката дека вработените остануваат без работа. „Убер“ е основан во Сан Франциско во 2013 година, со идеја, дека приватни возачи или обични луѓе, мжат да се поврзат со мобилни апликација и да ги пренесе патниците на посакуваната дестинација.
За кратко време компанијата брзо се рашири низ земјата и ширум светот. Во Италија наиде на почетокот на отпор и протести кај таксистите, кои во неа гледаа нелојална конкуренција.
Текстот Позната компанија, за три минути отпушти 3500 работници преку видео порака е превземен од Reporter.mk.