(Фото) Ким Кардашијан стана каубојка

Американската ѕвезда Ким Кардашијан објави неколку нови фотографии на „Инстаграм“, во бела долна облека и градник, кои ги усогласила со каубојски панталони. Комплетот го комплетираше со проѕирни штикли од брендот Амина Муади, чија цена изнесува околу 740 евра.

Ким позираше пред својот дом, а во позадина се гледаше еден од нејзините луксузни автомобили. Многумина од пријателите ја прашуваа дали се подготвува да замине на родео.

„Се средив никаде да не одам“, напишала Ким на објавените фотографии, додека од нејзината сестра Клои Кардашијан, добила само краток коментар „Џихаа“.

Ким пред некој ден, во рамки на својот бренд за долна облека Skims, во продажба пушти линија на немедицински маски за лице, наменети за целодневно користење и повеќекратна употреба. Само неколку часа по лансирањето на новиот производ, Кардашијан, своите обожаватели ги извести дека целата нејзина колекција за маски е распродадена.

 

Текстот (Фото) Ким Кардашијан стана каубојка е превземен од Reporter.mk.