Пред точно 25 години, во октомври и ноември 1993 година, Русија беше на работ на граѓанска војна поради конфликтот меѓу тогашниот претседател на Русија, Борис Елцин, и Врховниот совет.
По распадот на СССР, Русија ги доживува најтешките денови, а во екот на политичките, економските и социјалните реформи, кои многу повеќе личеле на хаос, поради што повеќето граѓани едвај врзувале крај со крај, а поединци се богателе во текот на криминалната приватизација, дојде до остро спротивставување меѓу Борис Елцин со Врховниот совет, чиј претседател тогаш бил Руслан Хазбултов.
На Руслан тогаш му се приклучил и тогашниот потпретседател на Руската Федерација, Александар Руцкок, херој од авганистанската војна. Иако целата работа личела на класичен пуч, во тие денови се одлучувала судбината на планетата. Комунизмот, односно социјализмот, го изгубил и последното прибежиште, а со тоа и секоја надеж за повторно воспоставување на големиот Советски Сојуз!
Противниците на Елцин му забележале дека премногу се врзува за Западот и дека неговите реформи ја водат земјата во амбис, а претседателот на Русија го обвини Врховниот совет дека сака да го реставрира комунизмот.
Врвот на соочувањето на овие две струи кои поинаку гледале на иднината на Русија се случил на вчерашниот ден, 4 октомври 1993 година, кога силите лојални на Елцин со тенкови го гранатирале Белиот дом, седиштето на Врховниот совет. Во тој момент, според неофицијални извори, загинале повеќе од 1.000 луѓе. Во овој крвав расплет претходеле конфликти што ја најавиле трагедијата.
Тие судбоносни денови за Русија најдобро ги опишува некогашниот дописник на „Танјуг“, Ѓорѓе Милошевиќ, кој тие денови се наоѓал во Москва. Според неговите наводи, хаосот и смртта биле најавени од настанот на 1 мај 1993 година кога во текот на првомајските прослави во септември, Борис Елцин го менува Алекандар Руцкој, а потоа ги презема едни од одлучувачките чекори – распуштање на Конгресот и Врховниот совет и закажување вонредни парламентарни избори во декември.
Уставниот суд оценил дека овој декрет на Елцин бил неуставен, а речиси истовремено во зградата во парламентот се собрале пратеници од Врховниот совет и му изгласале недоверба на Борис Елцин. Парламентот ги пренел претседателските овластувања на потпретседателот Руцкој, кој веднаш положил заклетва. Русија исто така имала истовремено два претседатела.
Како одговор Елцин одлучил да ја оневозможи работата на Врховниот совет и да ги принуди пратениците да ја напуштат зградата во која се забарикадирани. Ѓорѓе Милошевиќ сведочел дека на почетокот биле исклучени струјата и телефонските линии, а утредента и водата, така што тоалетите не можеле да се користат.
Од друга страна, Александар Руцкој собрал околу 700 вооружени луѓе. На 3 октомври, неколку часа пред трагичниот настан, во манастир во Москва се состанале претставници на двете страни. Потпишан бил документ за деблокада на парламентот, а Александар Руцкој и претседателот на Врховниот совет, Руслан Хазбулатов, изразиле подготвеност да се состанат со Елцин. Посредувал и патријархот Алексиј Втори. Меѓутоа, тоа не дало никаков резултат, а присутните во парламентот го зазеле градското мнозинство, а потоа со камиони и автобуси тргнале кон телевизискиот центар „Останкино“. Сакале да го освојат центарот каде што биле студијата на повеќето ТВ-канали. Телевизиската зграда ја чувале само 20 војници, но бргу им стигнало засилување од страна на елитната единица „Витез“. Но, некој тогаш истрелал куршум, со кој го усмртил офицерот на „Витез“, Николај Ситников.
Потоа одредот отвора голем оган на напаѓачите. Настанува паника, а за 15 минути демонстрантите биле разбиени. На просоторот околу зградата лежеле повеќе убиени и тешко ранети луѓе. Подоцна е сооппштено дека околу зградата загинале најмалку 30 луѓе.
Утредента се случил најдраматичниот настан. Елцин решил да ги убие Руцкој и Хазбулатов, кој сè уште биле забарикадирани во зградата на парламетнтот. Довел во Москва две дивизии, најдобрите што во тие моменти Русија ги имала. Тенковите почнале да пукаат во зградата и по неколку проектили, белиот мермер од фасадата на одделни места станува црн. Од внатрешноста се гледале скршените прозорци, димот и пламените јазици. Тенковите погодиле повеќе катови, каде што се наоѓале Руцкој и Хазбулатов.
Руцкој и Хазбулатов се предале истата вечер, а потоа биле однесени во затвор, од каде што по неколку месеци, ќе излезат. Руцкој по неколку години станува губернатор на Курската област, а неговиот воен другар Руслан Хазбулатов, инаку Чечен по националност, ја продолжува кариерата како угледен професор од универзитетот во Москва, но повеќе не се меша во политиката.
По предавството на ривалите, Елцин повикал на полициски час и забранил 15 опозициски весници, а неколку главни уредници на ТВ-каналите и весниците биле сменети. Властите соопштиле дека во конфликтите загинале 142 лица.
Весниците од Москва подоцна пишувале дека на зградата на парламентот биле истрелани проектили со кумулативно полнење, кои во времето на експлозијата создале огормен притисок. Очевидците велат дека на ѕидовите на одделни простории забележале траги од крв и човечки мозок.
Постоеле многубројни верзии за крвавите соочувања, но многу наводи не можеле да бидат проверени. Вистината некој сигурно ја знае, но таа до ден-денес не излегла на виделина.
Десетдневните улични конфликти станале улични борби со најголемиот број жртви во историјата на Москва од Октомвриската револуција. Според процените на владата, убиени се 187 луѓе, а повредени се 437 лица. Извори блиски до руските комунисти проценуваат дека бројот на жртвите е околу 2.000.
На почетокот на февруари наредната година во Државното обвинителство биле амнестирани сите учесници во настаните. Доколку таа амнестија не била спроведена, обвинителството би се нашло во ситуација да подигне обвиненије и против неколку воени раководители, меѓу кои и државни чиновници со највисок ранг. И самиот Борис Елцин во своја подоцнежна изјава изјавил дека за конфликтот се виновни двете страни.
Текстот Денот кога Борис Елцин ги сруши комунизмот и СССР е превземен од Reporter.mk.