(Видео) Модел се избричи по 10 години, сопругата првпат му го виде лицето

Професионалниот модел и амбасадор за производи за нега на брада, Карлос Коста, во карантин ја избричи брадата, првпат по 10 години. Неговото лице првпат го виде и сопругата Џена, со која се запознал пред 7 години и која го знае како изгледа само со брада.

„Десет години не сум си го видел вистинското лице и тоа е променето. Сега имам 40 години, сум остарел и сакам да видам како изгледам без брада“, вели Карлос пред да се избричи.

Неговата сопруга, пак, не можела да поверува дека е истиот маж.

„Ова е чудно. Не можам да те гледам, не личиш на себе. Но, знаеш што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека зборуваш. Никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш“, му рекла Џена на Карлос.

Текстот (Видео) Модел се избричи по 10 години, сопругата првпат му го виде лицето е превземен од Reporter.mk.