Џорџ Клуни ги повика Американците да го симнат Трамп од власт

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни ги повика граѓаните во САД да го сменат Доналд Трамп од фунцкијата претседател на следните избори. Тој ја повика американската јавност итно да реагира против расната пандемија во САД, осврнувајќи се на случајот со убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд, минатата недела.

„Речиси нема сомнение дека Џорџ Флојд е убиен. Сите го гледавме како го зема последниот здив во рацете на четворицата полицајци“, напиша глумецот, а потоа ја поддржа и пофали реакцијата на милионите луѓе ширум Америка, кои учествуваа во демонстрациите.

„Не знаеме кога протестите ќе престанат. Се надеваме дека никој повеќе нема да биде убиен, но знаеме дека малку од работите ќе се променат. Бесот на луѓето кои во моментов е присутен на улиците, е само потсетник на тоа колку малку како земја сме напредувале од првиот грев наречен робовладетелство“, вели Клуни.

„Ова е наша пандемија. Таа не инфицира сите нас и за наредните 400 години нема да ја пронајдеме вакцината“, објаснил глумецот.

„Потребни ни се политичари кои своите граѓани ги третираат еднакво. Не ни требаат лидери кои поддржуваат омраза и насилство. Во оваа земја постои само еден начин за трајни промени, гласање“, вели глумецот.

Инаку поради убиството на Џорџ Флојд, невооружениот Афроамериканец, кој почина откако полицаецот Дерек Човин, за време на апсењето го гушеше со коленото, започнаа масовни протести под името „Не можам да дишам“, ширум САД, кои подоцна прераснаа масовните нереди и расните протести.

 

 

Текстот Џорџ Клуни ги повика Американците да го симнат Трамп од власт е превземен од Reporter.mk.