Поранешна мисица побара развод од полицаецот кој го угуши Џорџ Флојд

Поранешната мисица Кели Шовен, побрала развод од нејзиниот сопруг, Дерек Шовен, полицаецот кој го угуши Афроамериканецот Џорџ Флојд, поради што цела Америка излезе на протести. Таа изјавила дека е шокирана од делото на нејзиниот сопруг и побарала барање за развод.
Три дена по убиството го напуштила својот сопруг, кого го запознала додека работела како радиолог во болница. Кели била мисица и има диплома по радиологија, а 13 години работела во болницата во Минеаполис. Последната работа и била во агенција за недвижности, додека во моментов е невработена.
Кели и Дерек се венчале во 2010 година, а за неколку дена трбеало да прослават десетгодишнина од брак. Таа и претходно била мажена и има два возрасни сина. Кели три години живеела во камп за бегалци, а во Америка стигнала кога била дете. Во САД научила да зборува и пишува англиски.
Пред две години се натпреварувала на изборот за убавина на Минесота, на кој се натпреваруваат постари кандидатки. Таа победила на натпреварот. Набрзо потоа заминала за Лас Вегас, каде учествувала во изборот за „Госпоѓа на Соединетите Американски Држави“, но лентата заминала во други раце.
Иако во моментов не работи никаде, таа се одрекла од правото на привремено или трајно издржување од страна на сопругот. Кели во моментов вели дека не сака да дава премногу изјави за медиумите.
За потсетување, протестите во Америка траат веќе неколку дена, откако полицаецот од Минеаполис, Дерек Шовен, со колено го притискаше Џорџ Флојд, кој неможејќи да дише, подоцна го загуби животот.

Полицаецот е обвинет за убиство од трет степен и убиство без предумисла. За тоа во Минесота е предвидена казна затвор до 25 години. Тој го гушел осум минути и 46 секунди. По тој момент, Флојд престанал да реагира, а Дерек го држел уште две минути и 53 секунди. Овој злостор го осудија сите и повикаа да се престане со расистичките пораки.

 

Текстот Поранешна мисица побара развод од полицаецот кој го угуши Џорџ Флојд е превземен од Reporter.mk.