Карлеуша и Душко ќе ја реновираат својата вила

Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ планираат да ја реновираат својата вила во Дедиње, вредна 2.5 милиони евра. Таа вели дека короната ги забавила градежните работи, но дека од понеделник почнуваат со реновирањето.

„Ова е нашиот нов дом, кој наскоро ќе го реновираме. Короната не забави, но од понеделник почнуваме со работа. Ова е последен пат нашиот дом да изгледа вака“, изјавила Карлеуша.

Во јавноста се шпекулира дека домот на пејачката има четири големи купатила, осум соби, сауна, вежбална, базен пред куќата и огромен двор. Вилата која Карлеуша ја купи од поранешната фудбалска југословенска легенда Драган Стојковиќ, на почетокот ја преуредила по свој вкус, а за тоа потрошила околу милион евра.

Медиумите во Србија пишуваат дека Карлеуша не се штеди кога станува збор за луксузните патувања, брендираните облеки, скапите автомобили, а така ќе биде и во случајот со реновирањето на својот дом.

Текстот Карлеуша и Душко ќе ја реновираат својата вила е превземен од Reporter.mk.