Кање Вест сака да го плати целото школување на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд

Попиларниот американски рапер, Кање Вест, основал фонд и донирал 2 милиони долари за семејството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицајци за време на приведувањето.

Неговата сопруга Рокси Вашингтон, изјавила дека Џорџ починал, затоа што не можел да дише.

Раперот Вест се понуди да ја плати школарината на Џиана Флојд, ќерката на Џорџ, кој во понеделникот загина во Минеаполис. Џиана има шест години и деновиве е видена во прошетка со својот вујко.

„Тато го промени светот“, изјавило девојчето.

 

View this post on Instagram

 

Never lose that smile Gianna, never 🙌🏾 Always remember your daddy changed the world‼️ #georgefloyd #giannafloyd #minneapolis

A post shared by L.Chris Stewart Esq (@chrisstewart_esq_) on

Вест откако е убиен Флојд не зборувал за движењето Black Lives Matter, но на својот профил на „Инстаграм“ објавил црна фотографија, која ја нарекол BlackOutTuesday.

Разни бендови низ САД се договориле ништо да не продаваат или купуваат ништо во текот на овој период, за да се фокусираат на денот на борбата за правата на Афроамериканците, сè со цел да се свати важноста на раното спречување на ширењето на расизмот.

Сопругата на Кање, Ким Кардашијан, веќе донирала пари на задругата Black Lives Matter, но и на многу други.

„Секогаш ќе се бориме за солидарноста и против расизмот. Ќе ја дадеме нашата поддршка и ќе учествуваме во промените. Ќе донираме во разни организации кои се борат против расната дискриминација“, порачала Кардашијан.

Таа изразила надеж дека голем број од луѓето ќе се приклучат во солидарноста и хуманата акција и ќе ги поддржат во тоа што го прават за да ги направат промените во општеството.

 

Текстот Кање Вест сака да го плати целото школување на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд е превземен од Reporter.mk.