Милијардерите Илон Маск и Џеф Безос почна војна на „Твитер“, откако основачот на „Тесла“ изјави дека компанијата „Амазон“ треба да се уништи.
Реакцијата на Маск следела откако писателот Алекс Беренсон објавил дека не му било овозможено на најголемата светска малопродажна платформа, да ја објави својата нова книга за коронавирусот.
„Ова е лудост. Време е „Амазон да се уништо. Монополите се погрешни“, порача Илон Маск на својот „Твитер, тагирајќи го сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос.
Од „Амазон“ коментирале на објавата на Маск и објаснија дека книгата на Беренсон била блокирана по грешка и дека сега е достапна за продажба.
„Одлуката за тоа дали книгата треба да ја ставиме на продажба не е на Маск“, изјавиле од „Амазон“.
Судејќи според фото пораката која „Амазон“ му ја испратиле на Беренсон, може да се види дека компанијата на Безос го известила писателот дека неговата книга не е во согласност со стандардите на продажбата.
Маск и Безос не се сметаат само за најбогатите луѓе во Америка, туку и во светот. Безос, според листата на „Форбс“, во моментов е најбогатиот човек на светот и неговото богатство се проценува на околу 113 милијарди долари.
Текстот Војна на милијардерите Илон Маск и Џеф Безос е превземен од Reporter.mk.