Возрасните често сакаат да излезат од врската, но се плашат да останат сами. Неверството се чини дека стана толку честа појава во денешницата, па кога се појавува сериозна криза во врската или бракот, многумина решението го бараат во креветите кај други луѓе.
Кои се лицата со кои жените и мажите најчесто го изневеруваат партнерот?
Една студија открива дека во повеќето случаи, мажите влегуваат во афера со пријателка, колешка од работа, па дури и со некоја од сосетките. Кога станува збор за жените, тие прво излегуваат со личност од блискиот круг на луѓе.
Причината е прилично едноставна. Личноста за која мислат дека им е блиска, им одговара, така што тие полесно можат да го прикријат неверството.
Многу луѓе кои имаат секс надвор од бракот, генерално имаат односи со некој што добро го познаваат. Затоа најчесто е близок пријател или сосед, колега од работа, е наведено во студијата објавена во списанието за семејна психологија.
Научниците се сомневаат дека причината за неверството лежи во фактот што оние кои изневеруваат, често сакаат да излезат од сегашната врска, но се плашат да не оставаат сами.
Марк Висман, професор по психологија на Универзитетот во Колорадо, вели дека кога несреќните луѓе изневеруваат, тие го гледаат тоа, како некаков вид на излез.
Сепак, тие не сакаат секс за една вечер, но сакаат да формираат нови односи и да имаат личност која секогаш е таму за нив, „при рака“.
„Се прашувам дали сопружниците кои имаат секс надвор од бракот, на пример со некој пријател или колега, избираат партнер за да се посветат на него или за да ја напуштат брачната заедница“, изјавил Висман.
Текстот Кои луѓе најчесто го изневеруваат партнерот е превземен од Reporter.mk.