(Фото) Браќата Ѓоковиќ се забавуваа на музиката на Ана Николиќ

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, вчера бил виден во друштво на својот помлад брат Ѓорѓе, во еден ресторан, каде настапила српската пејачка Ана Николиќ.

Двајцата биле снимени пред ресторанот, а биле само со машко друштво. Српските медиуми пренесуваат дека ниту Новак, ниту Ѓорѓе не биле со своите партнерки, Јелена и Теодора.

Во медиумите сè повеќе се пишува за Теодора Џехверовиќ, за која многумина тврдат дека би можела да биде идната снаа на Новак Ѓоковиќ.

 

Според пишувањата на медиумите, двајцата браќа одлично си поминале на забавата.

Текстот (Фото) Браќата Ѓоковиќ се забавуваа на музиката на Ана Николиќ е превземен од Reporter.mk.