Американскиот пејач Крис Трусдејл почина на 34. годишна возраст како последица од коронавирусот. Веста ја потври неговото семејство на „Инстаграм“.
„Со тешко срце сакаме да ви соопштиме дека Крис почина од коронавирусот. Крис беше важен дел од животот на голем број луѓе и многу ќе ни недостасува. Како на семејството Крис ќе им недостасува и на голем број пријатели и фанови ширум светот”, се вели во соопштението од семејството кое побарало да се почитува нивната приватност.
Крис со музика започнал да се занимава во своите тинејџерски години. На само 14. години, станал член на бој бендот Dream Street, кој беше популарен во доцните 90-ти и раните 2000-ти.
Текстот Пејачот Крис Трусдејл почина од коронавирус на 34 години е превземен од Reporter.mk.