Кира Најтли ја обвини Кејт Мидлтон

Британската актерка Кира Најтли во серијата феминистички есеи го искритикувала навидум совршениот изглед на Кејт Мидлтон по породувањето, пишуваат британските медуми.

Актерката во есејот се обидува да го објасни притисокот поврзан со физичкиот изглед кои многу мајки го чувствуваат по породувањето.

Таа ја обвинила Кејт како еден од виновниците што придонесуваат за тоа, со оглед на тоа што војвотката изгледала речиси совршено по раѓањето на сите три деца.

Кира родила дете во 2015 година, истата година кога Кејт ја родила принцезата Шарлот, што ја навело актерката да ги спореди двете постпородилни искуства.

Текстот Кира Најтли ја обвини Кејт Мидлтон е превземен од Reporter.mk.