Хакерската група Анонимуси кој на Твитер објави некои детали за смртта на принцезата Дијана , со Анонимниот твит сугерира дека смртта на принцезата била дел од поголем заговор на кралската фамилија на која таа припаѓала.
Анонимната група ,која се врати после три години неактивност, додаде масло на огнот на теориите на заговор кои кружат за фаталната несреќа на 31-ви август 1997 година во која настрада принцезата Дијана.
Имено, во 1996 година принцезата се разведе од принцот Чарлс. Пред да ја прекине врската со кралското семејство, принцезата Дијана забележала докази за поврзаност на семејството со трговија на луѓе. Според Анонимуси, принцезата Дијана снимила сведоштва на жртва која наводно била силувана во Кралскиот двор. Не само тоа, туку принцезата работела на тоа да пронајде повеќе сведоштва и докази за злосторствата.
Но пред да успее да го направи тоа, таа загна во сообраќајна несреќа. Анонимуси откриваат дека тоа не била несреќа, туку убиство на Дијана, која нејзините фанови ја викаа Розата на Англија.
Текстот Силување во Кралскиот двор и трговија со луѓе-Нови теории на заговор поврзани со смртта на Дијана е превземен од Reporter.mk.