Британскиот водител на квизот „Потера“, Бредли Волш, не успеа да се воздржи и почна да се смее додека ги читаше понудените одговори на прашањето за кинески деликатес.
Бредли, кој минатата недела го прослави 40. роденден, не можеше да се воздржи од смеење додека ги читаше сугестивните понудени одговори. На англиски јазик, имињата на овие ракови многу асоцирале на недепилирано женско меѓуножје.
„Кои од овие ракови се сметаат за деликатес во источна Кина?“, го прочита Бредли прашањето, но додека ги читаше одговорите, едвај успеваше да се воздржи да не се насмее.
По моментот кој ги развесели и голем број од гледачите, водителот успеа да се соземе и да го продолжи квизот. Ова не му е првпат на Бредли да се смее за време на снимањето. Во продолжение погледнете како тој и во еден од претходните квизови не успеа да се соземе и се смееше речиси половина час.
Текстот (Видео) Водител пукна од смеење кога ги виде безобразните одговори на прашањата е превземен од Reporter.mk.