Австралиски професор по хемија, реши да им ја каже вистината на своите ученици за штетноста на газираните сокови. Со едноставен трик, тој ја откри ужасната вистина за тоа колку ваквите пијалоци можат да му наштетат на нашиот организам.
Тој им покажа колку шеќер само конзумираат оние кои редовно ги пијат овие пијалоци. Резултатот кој го доби, предизвика голем број од неговите ученици повеќе никогаш да не пробаат од овие сокови.
Професорот прво го загреа сокот за да испари целата вода и само да остане шеќерот. За тоа му биле потребни околу два часа. На дното останало само црна течност, која всушност е карбонизираниот шеќер. Кога го тргна садот од загреаната плоча, шеќерот се зацврсти и се претвори во цврста маса.
Професорот откри дека во 600 милилитри газиран сок, има околу 50 грама шеќер. Тој вели дека ова е за жал страшната вистина која се крие зад газираните пијалоци.
Текстот (Видео) Професор ја откри вистината за газираните сокови е превземен од Reporter.mk.