Мајкл Санчез, братот на познатата американска водителка Лорен Санчез и вереница на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, реши да го прекине молкот за објавените голи фотографии од сопственикот на „Амазон“.
Безос во моментов се наоѓа среде семејна драма и судскиот случај во кој е вмешана и неговата вереница, познатата водителка Лорен Санчез и нејзиниот брат, но и американскиот претседател Доналд Трамп и принцот од Саудиска Арабија Мохамед бин Салман, пренесува „Дејли Мејл.
Случајот претставува вистински лавиринт, пишуваат медиумите. Прво, Безис тврдел дека американскиот таблоид „Нешенел инквајерер“ му се заканувал и го уценувал со голите фотографии. Потоа навел дека братот на неговата вереница, Мајкл ги украл од телефонот на Лорен и ги продал на магазинот за цена од два милиони долари.
Мајкл жестоко ги негирал ваквите обвинувања и го тужи Безос за клевета. Мајкл кој се занимава со личната медиумска стратегија на Лорен, синоќа решил да ја прекине медиумската тишина и одлучил конечно да проговори за овој случај.
„Ја штитев и поддржував мојата сестра 100% од денот кога е родена. Сум ја превземал нејзината вина безброј пати. Она што е поинаку овој пат, е тоа што нашето семејство е растрнато, а Лорен изгледа дека не се грижи премногу за тоа“, изјавил Мајкл за „Дејли Мејл“.
Мајкл го обвинил 56 годишниот Безос и неговиот безбедносен консултант Гевин де Бекер, кој сега го чува принцот Хари и Меган во Лос Анџелес, за клевета, откако на новинарите им кажале дека тој е одговорен за протекот на спорните фотографии. Мајкл вели дека федерални истражители го исклучиле од истрагата.
„Еднаш кога ФБИ и истражителите на „Амазон“, утврдија дека ги немам фотографиите кои се користени за уценување на Џеф, очекував во најмала рака извинување. Но, Џеф и Лорен не се извинија. Се чувствувам како да сум фрлен под автобус. За жал, следниот пат кога ќе ги видам, тоа ќе биде на суд“, вели Мајкл.
Безос и Де Бекер тврдат дека никогаш не го обвиниле Мајкл за протекувањето на фотографиите во јавноста.
„Господин Санчез не може да победи. Во повеќе извори цитирани во тужбата и медиумите низ месеците, покажуваат дека господин Санчез им предал приватни информации и материјал, вклучувајќи и приватни пораки и слики на „Инквајер“, но ниту еден од обвинетите, никогаш не го обвинил господин Санчез дека тој ги предал, специфично голите фотографии“, се наведува во документите кои Џеф и Бекер ги пополниле на суд.
Мајл изјавил дека поради моменталната парница не може да открие повеќе детали, но неговиот неименувал пријател изјавил дека тој е одлучен да ја симне лагата од своето име, колку е можно побрзо.
„Мајкл сака да му се извинат на насловната страна во „Вашингтон пост“, весникот кој Безос го поседува. Тој, поради целиот дебакл ја изгуби својата репутација, бизнис и сестра. Мајкл секогаш работеле најдобро што знае и умее за Лорен, а сега се чувствува целосно предаден. Одлучен е да го добие својот ден во судот и тоа нема да биде добро за најбогатиот човек на светот. Мајкл ќе го открие целиот валкан веш. Само напред“, изјавил изворот за „Дејли Мејл“.
Романсата меѓу Безос и Санчез ја предизвика поплава во медиумите кога во јануари 2019 година, беше откриено дека милијардерот ја остави својата сопруга Мекензи, а Лорен својот сопруг, влијателниот холивудски агент Патрик Вајтсел. До тој момент делувало дека Безос живее мирен, семеен живот во Сиетл со жената и четирите деца.
Но, како неговото богатство растело, растела и неговата љубов за светот на славните.
„Џеф сака сè што е поврзано со Холивуд. Журки, сјајот, гламурот. Тој е пресреќен кога некоја ѕвезда е со него во собата. Се чувствува како да освоил џекпот и е повикан на журка со убави луѓе. Тој има пари, а Лорен има врска“, открива извор близок до двојката.
Изворот додал дека Лорен кај Безос не ја привлекле парите и дека таа и претходно била богата.
„Во прашање беше моќта. А за Џеф, таа беше карта за светот на гламурот и шоубизнисот. Но, нивната љубовна приказна е вистинита. Тие се создадени еден за друг. Доволно е да бидеш со нив 30 секунди, за да сватиш дека се како двајца заљубени тинејџери. Не можат да ги тргнат рацете еден од друг. Џеф сака гламур и возбудување во светот на Лорен“, навел изворот за „Дејли Мејл“.
Лорен како водителка во Лос Анџелес е релативно позната личност, но преку својот поранешен сопруг, највлијателниот агент во градот, таа ги запознала сите важни личности. Безос за 50. роденден од својата вереница минатиот декември, приреди забава на која присуствуваа глумецот Орландо Блум и неговата вереница Кети Пери, глумецот Тимоти Чаламет, милијардерот Бери Дилер со неговата сопруга, познатата дизајнерка Дајен фон Фуртсенберг. На друга забава се појавиле и глумците Барбара Стрејсенд, Деми Мур и Џенифер Лопез.
Пријателите на Мајкл велат дека тој првпат дознал за врската на својата сестра со Безос пролетта 2018 година.
„Лорен му се доверила затоа што секогаш на Мајкл му кажувала за сè и сешто. Тој е постар од неа четири години, но изгледаат како да се близнаци“, вели изворот за „Дејли Мејл“.
Двојката се запознала кај Лорен за време на снимањето за „Блу ориџин“.
„Снимаа на неговиот ранч, а желбата да бидат еден со друг беше очигледна. Џеф дојде со својот пикап и ја праша Лорен дали сака да ја повози. Двајцата завршија во неговата куќа, каде за првпат се бакнаа“, навел изворот.
Шефот на „Амазон“, Безос кој веќе беше најбогатиот човек на планетата пред избивањето на пандемијата со коронавирусот, наскоро би можел да стане и првиот билијардер во историјата на светот.
Цената на акциите на „Амазон“ скокнаа оваа година за речиси 30%, а личното богатство на Безос пораснало на 150 милијарди долари. Во време на пандемијата пораснала и побарувачката за онлајн купувањата и услугите. Експертите велат дека неговото богатство расте толку брзо, што до 2026 година, тој би можел да дојде до цифра од билион долари, пишува „Дејли Мејл“.
Медиумите пишуваат дека не е само неговата фирма „Амазон“ во форма. И самиот Безос во последните неколку месеци минал низ неколку значајни трансформации. Откако се раздели од сопругата Мекензи, по 26 години брак, тој минал низ големи промени. Мекензи по разводот минатиот јуни со Безос и припаднаа рекордни 38 милијарди долари, поради што стана третата најбогата жена во светот.
Безос со редовните вежби заработи добри бицепси и стомачни мускули, а тренерките ја замени со дизајнерска гардероба и чевли од брендот „Гучи“. Самиот Безос во еден момент призна дека не е личност во која жените лесно можат да се заљубуваат.
„Јас сум и на некој начин како габичка“, изјавил тој во едно од своите интервјуа.
Но, тоа беше пред да стане милијардер. Тој денес поседува 165 милиони вредна вила во Холивуд, мега куќа во Њујорк, тешка 80 милиони долари, фантастично здание во Вашингтон од 40 милиони долари и авион од 65 милиони долари. Безос има приватна вселенска компанија „Блу ориџин“, а меѓу неговите најдобри пријатели се Џенифер Лопез, Кети Пери и Барбара Стрејсенд. Безос во моментов ја гради и најголемата светска јахта, која ќе биде следена со помало пловило, кое ќе биде специјално наменето за неговата колекција на хеликоптери.
Текстот Братот на Лорен Санчез за валканите тајни на Џеф Безос, Мајкл проговори за голите фотографии на милијардерот е превземен од Reporter.mk.