Кање Вест пристигнува во Белата куќа

Кање Вест оваа недела ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Славниот рапер ќе се состане и со високиот советник Џаред Кушнер, високиот советник во Белата Куќа, од каде стигна службена потврда за овој состанок.

„Кање Вест доаѓа во Белата куќа за да руча со претседателот Трамп. Ќе се сретне и со Џаред Кушнер. Една од темите на состанокот ќе биде и унапредување на препородбата во Америка, затворските реформи, превенција на насилството меѓу бандите и намалување на насилството во Чикаго“, изјавила портпаролката за медиумтие Сара Хакаби.

Кање е еден од најголемите заговорници против Доналд Трамп, а наводно сака да расправа за иднината на деловните прилики за поранешните осуденици и административните уреди. Исто така се надева дека ќе може да разговара и за зголемување на бројките на вработени во секторот за производство во околината на Чикаго, каде и самиот има пораснат, пренесува „Тајмс“.

Советникот Кушнер веќе се има сретнато со сопругата на Вест, старлетата Ким Кардашијан, за да разговара на темата за преуредување на правосудниот систем.

 

Текстот Кање Вест пристигнува во Белата куќа е превземен од Reporter.mk.