Марија Шерифовиќ ослабна 10 килограми, пејачката откри за својата диета

Пејачката Марија Шерифовиќ веќе некое време држи диета која ѝ ја препишала нутриционистка, пишуваат српские медиуми. Таа вели дека била дисциплинирана и цврсто се држела до истата.

Таа во една од емисиите „Ѕвездите на Гранд“, открила дека диетата вродила со плод и Шерифовиќ ослабнала десет килограми.

„Никогаш не бев на диета поради изгледот, туку здравјето. Не ми се допаѓаше како се чувствувам со килограмите на мене. Исфрлив некои намирници од мојата исхрана. Мојата самопочит нема никаква врска со килажата“, објаснила Шерифовиќ во една прилика за српските медиуми.

Иако изгубила значаен број на килограми, таа признала и дека понекогаш знаела да ја прекрши диетата, затоа што не и било лесно.

„Музиката е мојот живот. Откако знам за себе, јас пејам. На ист начин ја сакам и храната. Обожавам да јадам. Но, колку и да понекогаш ми се допаѓа калоричната храна, здравиот живот има доста добри страни. Една од нив е тоа што се чувствувам добро и имам енергија“, открила таа.

Текстот Марија Шерифовиќ ослабна 10 килограми, пејачката откри за својата диета е превземен од Reporter.mk.