Песната „Музика под итно“, која момците од „Нокаут“ заедно со екипата од „Дајте музика“ ја претставија во една од епизодите од оваа ТВ емисија, доби видео приказна.
Ова видео е полно со позитива, која е потребна во овие денови, а истото го објавија денес, на 10 јуни, со цел да го поздрават последниот училиштен ден.
„Голема благодарност до сите наши фанови кои нѐ следевте, ни пишувавте, нѐ поддржувавте и нѐ охрабрувавте во оваа наша навидум невозможна мисија да врвиме напред: со извалкани патики, искинати панталони, исфлекани маици, калливи раце, многу искарани од продуцентите, но секогаш со полни срца љубов! Ве гушкаме сите! Имајте убав распуст, почитувајте ги мерките и препораките за заштита и останете во добро здравје #Чувајте се. И се гледаме наскоро со нови и интересни содржини!“, напишаа во својата објава на „Фејсбук“.
Текстот Дајте музика и „Нокаут“ порачуваат „Музика под итно“ е превземен од Reporter.mk.