Фудбалерот на Реал Мадрид, 32 годишниот Французин, Карим Бензема, се пофали со својот нов автомобил Bugatti Chirion, кој вреди 2.5 милиони евра.
Прв фудбалер кој во возел ваков автомобил е неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, па сега и Бензема посака ист таков.
Овој автомобил го има само во 500 примероци. Изгледа импресивно. За 2,5 секунди достигнува брзина од 100 километри на час, а за забрзувањето од 300 километри на час, му биле потребни 13,5 секунди. Наводно максималната брзина која може да ја достигне е 425 километри на час.
Бензема е сериозен колекционер на автомобили. Тој во својата гаража има Lamborghini Avendator, Bugatti Veyron, Mercedes SLR McLaren, Mercedes AMG G63, Lamborghini Urus, Rolss Royce Cullinam, Rolls Royce Wratith i Ferrari 488 Spider.
Текстот Бензема се повозе во новото „Бугати“ вредно 2,5 милиони евра е превземен од Reporter.mk.