Модната дизајнерка Ивана Кнез е модел на својата најнова колекција „Сенка“. Оваа есенска лимитирана колекција на „Драма студио“ е силна, драматична и впечатлива. Материјалите на фустаните се брокат, свилена тафта, неопрен и чипка.
„Оваа лимитирана колекција во потполност го опишува мојот карактер како креатор. Сакам да ви ја раскажувам мојата лична дизајнерска приказна затоа и се појавив како лице на колекцијата. Ова е моја интимна верзија на ‘Драма’, таа зад која имам личен потпис, наменета за жени со силен карактер, исклучителен визуелен печат, кои не се претопуваат во стереотипите на општеството,“ вели Ивана.
Фотографиите и видеото за новата колекција ги направи Дарко Митев.
Текстот Ивана Кнез манекенка на сопствената колекција е превземен од Reporter.mk.