Анастасија Аврамовска со песната „Ме научи да бидам своја“ го привлече вниманието на публиката на годинашниот „Макфест“. Таа го освои четвртото место во финалето, а настапи како дебитант.
„Пред настапот навистина посветено работев на целиот проект за успешно да се претставам на фестивалот за кој знам дека уште повеќе ќе ми ги отвори вратите кон реализирање на мојот сон. Влегов во финале, освоив убаво место, навистина сум пресреќна и задоволна, како од фестивалот, така и од се што ми се случува до сега. Луѓето убаво реагираат на моите две песни кои ги промовирав за доста краток период“, вели Анастасија.
Музиката и аранжманот на песната „Ме научи да бидам своја“ ги направи Иле Спасев, а текстот го напиша Даниела Хаџи – Тоневска.
Текстот Анастасија нов идол на тинејџерите е превземен од Reporter.mk.