Turbinator II возејќи по дното на големото солено езеро, го поправи својот и светски рекорд.
Возејќи по дното на некогашното езеро Bonneville, возачот Дејв Спанглер во речиси 11 метри долгото возило кое тежи нешто помалку од 2,5 тони и развива над 5.000 КС стигнал до нов брзински рекорд. Придвижуван со турбо осовински мотор од хеликоптер Chinook и погон на сите четири тркала, Turbinator II стигнал до брзина од 503 MPH односно дури 809 km/h.
Ако некогаш сте се запрашале како изгледа тоа од агол на возачот, погледнете го видеото подолу. Може да кажеме само дека 1,6 километри се поминуваат за околу 8 секунди, а целата мисија или 12,25 километри се поминати за две минути и 19 секунди. За жал, овој потфат не е официјално признаен како рекорд, бидејќи дождот спречил повратно возење. Тоа е единствената причина зошто се уште официјален рекорд е оној од пред неколку недели кога Turbinator возел „само“ 791 км/ч.
Текстот Оди преку 800 км/ч: Вака забрзува најбрзото возило на тркала во светот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.