Речиси половина од американските војници сметаат дека САД наскоро ќе биде вовлечена во голема војна, покажува анкетата на весникот „Воен тајмс“.
Според резултатите од истражувањето, 46% од американските војници сметаат дека нивната земја ќе почне да војува веќе во наредната 2019 година. Минатата година, ваквото мислење го делел секој пет испитаник.
Повеќето испитаници (71%) сметаат дека Русија ќе биде главен противник во можната војна, на второто место е Кина (69%). Во 2017 година, за Русија се изјасниле 53%, додека Кина во Кина овој процент изнесувал 45% од анкетираните војници.
Но, војниците сметаат дека главната закана по националната безбедност на САД е сајбер тероризмот дури 89% од американските војници го делат ова мислење.
Од друга страна, половина од анкетираните војници сметаат едка нивната земја сепак нема да војува наредната година. Минатата година така мислеле 67% од испитаниците.
Резултатите од анкетите покажуваат дека американските војници престанале да сметаат дека Северна Кореја претставува закана, а причината за тоа е политиката на Доналд Трамп кон Пјонгјанг.
Текстот Американците убедени дека наскоро почнува Третата светска војна е превземен од Reporter.mk.